Ќе се евакуираат бебиња и помали деца од опожарените острови во Индонезија

Ќе се евакуираат бебиња и помали деца од опожарените острови во Индонезија
Ќе се евакуираат бебиња и помали деца од опожарените острови во Индонезија

Со специјална наредба на претседателот Јоко Видодо, провинциските власти на островите Суматра и Калимантан од денеска треба да започнат со евакуација на бебињата и помалите деца од подрачјата каде што поради големиот број пожари воздухот е веќе опасен за дишење. Акциите лично ќе ги контролира министерот за внатрешни работи Лухур Бинсар, со тим од неколку стотици координатори.

Во големите подрачја на островите во источниот дел на Индонезија од смогот е загрозено здравјето на над 36 милиони жители на регионот. Воздухот не е добар за дишење ниту во Сингапур, Малезија, на југот на Филипините и од пред два дена во делови на Тајланд.

Евакуацијата на бебињата и децата ќе се организира со бродови на воената и цивилната морнарица, бидејки видливоста на аеродромите во подрачјата од каде треба да биде извршен транспортот не обезбедува нормални услови за полетување и слетување.