Пет бомби ќе одекнат во судница во Кривичниот суд каде што се одржува рочиште за случајот Тендери, во кој обвинета е екс министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, и уште две вработени во Министерството за култура.
Судијата Осман Шабани и покрај приговорот на одбраната одлучи бомбите, односно пет прислушувани разговори да се слушат пред јавноста.
-Барањето на одбраната се одбива како неосновано, рече судијата Осман Шабани.
Тој додаде дека дополнително може да се исклучи јавноста доколку треба да се заштити приватноста на обвинетите или сведоците.
Судијата уште додаде дека во конкретниот случај се штити јавниот интерес на граѓаните, а од друга страна нема да се наруши приватноста на обвинетите и сведоците.