Керамидница ќе добие нова фитнес зона и детско катче

Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски:

КЕРАМИДНИЦА ДОБИВА ФИТНЕС ЗОНА И НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ НА ТАРТАН ПОДЛОГА.
Направивме увид во поставувањето на справите на новата фитнес зона која ја градиме Керамидница.
Дополнително градиме и ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.
Со изградбата на фитнес зоната и детското катче создаваме нов урбан простор за спорт и рекреација на жителите од Керамидница.
Како локална самоуправа досега изградивме фитнес зони во Маџари и Колонија, а во периодот пред нас ќе изградиме зони и во другите населени места.
Нема повеќе заборавени населени места. Проекти се реализираат насекаде низ нашата Гази Баба. – напиша Стефковски