Кери ја критикува Русија поради Асад

Државниот секретар на САД, Џон Кери ги обнови обвинувањата кон Русија, за помошта што ја упатува кон режимот во Сирија, пренесе „АФП“.

„Она што го прави Асад е скандалозно, бесмислено, неприфатливо, срамно и застрашувачки, а ние и сите други тоа го знаеме“, истакнал Кери. Кери соопштил дека ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров следната недела, за да разговара со него за конференцијата за Либија во Рим.