ФОТО: Ова е ќерката на основачот на Фејсбук

Фејсбук популацијата е зафатена од вистинска треска насловена „Војна на ѕвездите“. Освен големиот број апликации што можете да ги искористите за да станете јунак во култниот серијал, сега можете дља уживате и во фотографиите што основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг ги сподели со обожавателите.

cukerberg-2

Цукерберг објави фотографија со новородената ќерка Макс, која е облечена како Џедај. До бебето има меч, сличен на култниот од серијата. Сликата на девојчето беше објавена на социјалната мрежа на 17 декември.

Под сликата најсреќниот тато искоментирал “Моќта е на страната на бебето”. Сосема за кратко сликата собра повеќе од 1,7 милиони лајкови.

cukerberg-3

Ова не е единствената слика на Макс, која Цукерберг ја објави во социјалната мрежа. Првата фотографија на која Американецот се покажа со неговата ќерка, беше на 8 декември.

Макс се роди на 2 декември. Нејзина мајка е Присила Чан. Богатството на 30-годишниот Цукерберг се проценува на 19 милијарди долари.