Кети Пери облечена како сирена – се преврте и падна од столица среде емисија (ВИДЕО)

Во pоследната епизода од шоуто Американски идол, што се емитуваше во понеделник навечер, Кети Пери се појави во жирито во костим на сирена за да ја одбележи ноќта на Дизни, облечена како Ариел од Малата сирена.

Во еден момент паднала од столче и не можела да стане поради опашката, па ѝ помогнале колегите судии – Лајонел Ричи и Лук Брајан, како и водителот Рајан Сикрест.

Во моментот на нејзиниот пад, камерата го прикажуваше Сикрест. Откако се слушнал ударот, режисерот го префрлил преносот на камерте кои го снимале жирито и кои ја снимиле сцената на која пејачката е на подот зад масата.