Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас ја раскажаа љубовната приказна која ги урива табуата

Мајкл Даглас и актерката Кетрин Зета Џонс прославија 21 година од бракот, а на годишнината двојниот оскаровец се обрати јавно на својата 25 години помлада сопруга.

Американскиот актер Мајкл Даглас (77) објави видео во кое се објавени досега невидени фотографии од нивниот прв танц од венчавката, која се одржа на 18 ноември 2000 година во хотел во Њујорк. Свадбената церемонија следеше само пет месеци откако заврши разводот на Даглас од неговата прва сопруга Диандра Лукер.

Покрај првиот свадбен танц, имало и моменти на играње голф и скијање, сето тоа придружено со песната „Најдобар ден од мојот живот“.

https://www.instagram.com/p/CWaB2D6g-oM/?utm_source=ig_embed&ig_rid=5ec2e022-84bb-4143-a458-f3cb4399276d

Нивната љубовна приказна започна во 1996 година на приватна проекција, кога Мајкл ја забележал убавата Велшанка, која ја толкувала главната улога во филмот „Зоро: Маскиран одмаздник“.

„Тој секогаш зборува за тоа како се заљубил во мене во моментот кога ме видел на големото платно“, признала Кетрин Зета Џонс.

Таа го запознала својот иден сопруг истата есен на филмскиот фестивал во Довил во Франција, каде што ја промовирала реализацијата на „Зоро: Маскиран одмаздник“ и Мајкл „Совршено убиство“.

„По половина час разговор искрено и реков – знаеш, јас сум татко на твоите идни деца. Тоа ми звучеше сосема нормално, а потоа таа рече – знаеш, слушнав многу работи за тебе , па мислам дека е време да ти кажам добра ноќ“, откри Мајкл Даглас во телевизиско интервју.

Следниот ден актерката заминала, но Даглас не се откажал од својот план. Испратил цвеќе и извинување, а потоа започнуваат да се дружат. Интересно е што за прв пат се бакнале девет месеци подоцна.

Следувала новогодишната прослава која им останла во сеќавање. Парот бил заедно во Аспен, а наместо да уживаат во радостите на снегот, тие останале во апартманот затоа што и двајцата биле имале грип. Во еден момент Даглас клекнал пред неа и и поставил прашање кое сите со нетрпение го очекувале.

Таа добила 10-каратен дијамантски прстен од Фред Лејтон, опкружен со 28 помали дијаманти, проценет на милион долари. Во тоа време, Кетрин веќе била бремена со нивниот прв син Дилан.

Таа се породи во август 2000 година, а на 18 ноември парот го кажа судбоносното „да“ на како што ја нарекоа „свадбата на годината“ во познатиот хотел „Плаза“ во Њујорк. Целата церемонија чинела околу милион и пол долари, од кои 250 илјади долари биле за венчаницата со потпис на Дејвид Емануел.

„Што и да посака Кетрин, ќе го добие“, рече тој во пресрет на венчавката.

Наместо меден месец на егзотична дестинација, првата брачна ноќ ја поминале во својот стан, со својот четиримесечен син. Денес покрај синот, тие ја имаат и ќерката Керис Зита.