Кичевец допирал шестгодишно девојче

Кичевец допирал девојче, вчера во Кичево, информираше МВР.

Случајот во полиција го пријавил жител на Кичево околу 14.30 часот. Тој на улицата Јанко Михајлоски во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице како допира малолетно женско дете по делови од телото.

Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. По преземени мерки, по кратко време од слобода бил лишен осомничениот Б.С. (67) од Кичево.

Над детето бил извршен лекарски преглед, при што не биле констатирани телесни повреди, а бил извршен и разговор во присуство на родител и социјален работник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот