Кичевец паднал од бандера и починал

бандерата

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 12.30 часот. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел, по што С.Р. и бандерата паднале на земја.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител денеска над телото на починатиот ќе се врши обдукција.