Кичевец пријавил дека се самоповредил со нож

Триесет и петгодишен маж од Кичево е хоспитализиран во скопскот Клинички центар во саботата попладнето, по повреди од нож за кој рекол дека самиот си ги нанел.

Од Медицински центар Кичево вчера попладне било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 35-годишен маж од Кичево кој, според пријавеното, сам со нож си нанел повреди.

Истиот е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид. Се работи на расчистување на случајот.