![kiceec_-750x4061](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/kiceec_-750x4061.jpg?resize=696%2C377&ssl=1)
Зоран Милевски Кичеец кој вчера требаше да се појави во затворот во Шутка пред терминот испратил и барање да му се одложи казната, истакнале од Кривичен за ТВ 24, иако Кичеец вчера ветуваше дека сам ќе се пријави и дека нема да бара одложување. Сепак го кажа ова, а претходно имал поднесено барање до судија за извршување на санкции.
Судијата Пајазит Пајазити, како што брифираат од Кривичен, почнал да го разгледува неговото барање и засега нема детали врз основа на што осудениот за „Рекет“ се повикува за да го помести издржувањето на казната од 3 години затвор.
Му остануваат нешто помалку од една ипол година бидејќи остатокот веќе го отслужи во притворското одделение во Шутка.