Kичеец префрлен во затворот во Струга

Зорен Милески Кичеец од притворското оделение во затворот Шуто Оризари вечерва е транспортиран во затворот во Струга.

Од затворот во Шутка за тв 24 потврдуваат дека со решение на судот Милески е вратен во струшкиот затвор за издржување на веќе изречената казна за случајот „Рекет“ во кој ја призна вината.

Гостиварскиот апелационен суд доцна попладнево го укина 30 дневниот притвор. Кичеец беше осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа близу Стража.

Несреќата се случи минатата сабота при што загина 34 годишен гостиварец. Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.