Кичевец силувал осумгодишно девојче во неговиот дом

силување

Притвор за кичевчанец кој полово нападнал мало девојче.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пред два дена 49-годишниот Н.М. од Кичево нападнал осумгодишно девојче.

Педофилот монструозниот чин го сторил во неговиот дом. Тој и ставил селотејп трака на устата по што без да изврши обљуба почнал да ја допира по телото и да ја бакнува.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Н.М. до сега се поднесувани пријави за сторени имотни деликти за што  истиот бил и затворски осудуван.