Властите во Киев му предлагала на Минск склучување пакт за ненапаѓање, со кој белоруските трупи не би се нашле на територијата на Украина, изјави во вторникот белорускиот претседател Александр Лукашенко.
Меѓутоа, според Лукашенко, Западот „не ги напуштил своите планови за Белорусија“, а Украина продолжува и натаму да обучува милитанти и екстремисти кои треба да се уфрлат на белоруска територија и да предизвикаат дестабилизирање на земјата.
„Не знам зошто Украинците го прават тоа. Од една страна, тие бараат од нас под никакви околности да не војуваме во Украина, нашите војници да не се придвижат таму. Тие предлагаат да се склучи пакт за ненапаѓање, а од друга страна ја подготвуваат таа експлозивна смеа (од милитанти и екстремисти) и ги вооружуваат. Полска и Литванија се генерално полудени. Зошто им е тоа потребно? Не е јасно“, цитира новинската агенција Белта дел од говорот на белорускиот претседател.
Во понеделникот Лукашенко предупреди дека „група вооружени формации на соседните држави од Европската унија и Украина“ се концентрирани во близина на границите со Белорусија. Според него, станува збор за вкупно околу 23.500 луѓе, од кои 17.200 се од Украина и 3.700 се од Полска.
На средбата претходно седмицава со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Лукашенко истакна дека „западните соседи (на Белорусија) се обидуваат да ја искористат Украина против Белорусија“, но дека соседната земја „досега се воздржува и нема провокации“.
Односите меѓу Минск и Киев се влошија во 2020 година, кога украинскиот претседател Володомир Зеленски го откажа присуството на претходно договорениот форум на соседните региони на двете земји планиран во Белорусија.
Украина е една од земјите коишто според сознанијата на Минск имале глава улога во подготвувањето, организирањето и координирањето на насилните масовни безредија во Белорусија во 2020-та кој беше направен обид за преврат во земјата откако ОБСЕ не испрати свои набљудувачи на белоруските претседателските избори со образложени за пандемијата на Covid-19, а потоа Западот не ја призна надмоќната победа на Лукашенко.
Во декември Лукашенко изјави дека западните земји планирале да започнат војна со Русија во периодот меѓу 2021 и 2022 година, откако поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во врска со Минските договори од 2014 и 2015 година призна дека нивната цел со тие мировни спогодби само да ѝ се даде време на украинската војска да зајакне и да изврши инвазија во одметнатите по прозападниот преврат во Киев од 2014-та југоисточни региони со доминантно руско население.
Според Лукашенко, судирот требало да се случи, како што рече, доколку беше во полза на Западот исходот од масовните протести во 2020 година по неговиот повторен убедлив избор на претседателската должност, за што Минск тогаш ги обвини западните соседи членки на НАТО и Европската унија кои го организирале и координирале протестите на слабата белоруска опозиција.
Белорускиот челник и претходно предупредуваше дека Минск нема намера да учествува во војната во Украина, како и дека на боиштето нема ниеден белоруски војник, но дека постојано се прават провокации за вовлечување на земјата во конфликтот.
Поради разместувањето на белоруските единици, Киев кој од Минск повеќепати годинава беше обвинуван за воени провокации на заедничката граница, ставува дека Лукашенко би можел да ги ангажира во помош на руските сили на теренот во Украина. Меѓутоа, политичките аналитичари не веруваат во таквата опција, но сметаат дека Лукашенко можеби не да биде во позиција да го одбие таквото барање, доколку дојде од Москва.