Околу 160 тони украински житарки се уништени на железничка станица во Полска во екот на големите протести на тамошните земјоделци, а заменикот на украинскиот премиер во неделата овој потег го нарече „неодговорен чин кој минува неказнето“.
Полските земјоделци коишто повторно во февруари протестираа против нечесната конкуренција од Украина, за што минатата година протестираа и земјоделците во Романија, Бугарија и Словачка, блокирајќи автопати и гранични премини кон Украина и го истуриле житото од железничките вагони.
„Овие слики покажуваат 160 тони уништено украинско жито. Житото беше во транзит кон пристаништето Гдањск, а потоа кон други земји“, објави заменикот премиер Олександар Кубраков на Х, објавувајќи низа фотографии на кои се гледа куп товар истурен од железнички вагони.
„Ова е четвртиот ваков случај на вандализам на полските железнички станици. Четвртиот случај кој не е казнет и неодговорен е“, пишува Кубраков.
Ладија Ковалска, портпаролка на полицијата од северниот полски град Бидгошч, изјавила за Reuters дека инцидентот се случил во блиското село Котомјерц и дека растурениот товар кој бил транспортиран всушност е пченка.
„Поединостите и околностите се истражуваат. Дојавата за истурениот товар ја добивме во 9,30 часот. Се покажа дека станува збор за осум вагони“, додала портпаролката.