Киевските власти во Мариопол сакаат војници од НАТО, Москва обвини дека украинските сили стрелаат во домовите

Заменикот на градоначалникот на Мариопол, именуван од властите во Киев, повика во петокот НАТО да испрати војници бидејќи овој стратешки важен град е пред освојување од руските и силите на руските милиции, кои обвинуваат дека припадниците на злогласниот баталјон „Азов“ на ултранационалистичкото движење Десен сектор и странските платеници откако го држеле цивилното население како жив штит се обидуваат преку хуманитарниот коридор да се извлечат од градот.

Сергеј Орлов, во програмата Today на Radio BBC 4 очајнички изјави дека „Нема начин како (рускиот претседател Владимир) Путин да  биде запрен за убавање на нашите цивили од воздух додека НАТО не се разбуди и сфати дека тоа не е регионален судир, ова е војна против демократијата, против слободата, против една од најголемите светски држави“.

„Се чини дека (челниците на НАТО) не сфаќаат дека Путин нема да запре, тие се плашат, а тоа е штета. Ние очекуваме челниците на НАТО да сфатат дека е целосно неопходно да се пружи директна воена помош на Украина за да се запре Путин или барем да се затвори нашето немо за да нѐ заштитат од закани од воздух“, изјави Орлов.

Тврди дека рускиот претседател сака „да создаде пустина за да го реши украинското прашања…. но дека е невозможно да ги заземе нашите градов, бидејќи градот не го прават згради, го прават луѓето“. „Веќе сфативме дека е подготвен да убие толку цивили колку што му е потребно“, тврдеше Орлов.

Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Донецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.

Истовремено во петокот руското министерство за одбрана ја алармираше меѓународната јавност дека украинските власти во Мариупол не им дозволуваат на локалното население и на странците да го напуштат градот, стрвувајќи од одмазда на радикалните националисти, потсетувајќи дека таков бил скучајот и во Харков па и на целата територија на Украина.

Во руските медиуми, исто така, се цитираат лица кои велат дека успеале да го напуштат Мариупол и кои тврдат дека украинските сили стрелаат во станбените објекти за да прикажат дека уништувањата ги предизвикале руските единици.

Едуард Басурин, челник на проруската ткн Народна милиција од Донецк, предупреди дека се забележани обиди странските платеници да се обидат да се извлечат од Мариупол преку химанитарните коридори договорени во четвртокот меѓу украинската и руската делегација.

Руското министерство за одбрана објави во петокот видео на кое се гледаат уништени тенкови, коишто како што се тврди, припаѓале на укранските сили на позициите кај селото Гнутово, близу Мариупол, кое е заземено ден претходно. На снимките се прикажани и десетина противтенковски рачни ракетни лансери „Javelin“ со кои украинската војска ги снабдија САД и Велика Британија. Прикажани се колони возила со ознаки за идентификајција Z, на силите од Донецк.