Ким Кардашијан и Канје Вест на чекор до развод!

За време на нивниот шестгодишен брак, врската помеѓу Канје Вест и Ким Кардашијан беше сè освен обична. Сепак, по тешките проблеми со кои се соочија ова лето, двајцата решија да се посветат на својот индивидуален начин на живот, поради што сега живеат одделно.

Според извор близок до Кардашијан, многу има врска со фактот дека и двајцата се насочени кон воспитување на своите четири деца: ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм. Плус, како што опишува инсајдерот, двајцата му даваат приоритет на сопственото време, наместо на заедничкото.

Profimedia
Profimedia

– Ким и Канје се посветени на личните работи и поминуваат многу време одвоено – рекол изворот за „Е!“, додавајќи дека тие се „фокусирани на работите што им се важни“.

– Ким си го прави своето, а Канје своето.Таа веќе не управува со она што го прави Канје и не се меша во неговите одлуки. Едноставно, тоа е начинот на кој тие живеат, истакнува изворот.

Profimedia
Profimedia

Иако парот можеби не е физички заедно толку често, изворот дополнува:

– Тие сè уште се семејство и се собираат поради децата. Затоа тие ќе го поминат Божиќ заедно и иако прославата нема да биде како претходните години, тие ќе се соберат како семејство и ќе направат сè за да бидат заедно сите како сè да е во најдобар ред.

Profimedia
Profimedia

Да потсетиме, бракот на Ким и Канје е разнишан уште од минатата пролет кога раперот одлучи да се кандидира за претседател на Соединетите држави. Потоа изнесе интимни детали од бракот со Ким, за што таа особено се замери.

Тие биле фотографирани и како се расправаат во автомобилот додека Ким плачела, а во едно интервју објасниле колку и е тешко да живее со Канје, бидејќи страда од биполарно растројство и честопати има свои темни моменти.