Ким Џон-ун: Русија ќе победи во „светата борба“ за светскиот мир

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун изјави дека Русија ќе победи во својата борба против империјалистите, објави во вторникот државната новинска агенција KCNA, во изјавата којашто на Западот се оценува како насочена на војната во Украина и нејзините западни приврзаници, во прв ред САД.

По заладените односи со Москва изминатите години, Пјонгјанг од минатата година, особено по почетокот на руската инвазија во Украина и почетокот на континуираните големи американско-јужнокорејски воени маневри на Корејскиот полуостров, ги приближи своите ставови.

Северна Кореја изминатиот период беше осудувана дека наводно на ѝ испорачува на руската армија артилериска муниција, а медиумите шпекулираа и со наводна бројка од 50.000 севернокорејски војници кои Пјонгјанг е подготвен да ги испрати на боиштето во Украина на руска страна.

„Ви испраќаме топли желби Вам, на руската војска и на рускиот народ во вашата света борба за зачувување на светскиот мир“, ја цитира агенцијата KCNA пораката на Кин во писмото до рускиот претседател Владимир Путин.

Во честитката по повод годишнината од Денот на победата со кој Русија на 9-ти мај ја одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, Ким истакнува дека Русија ќе продолжи да ги штити „својата автономија и стабилноста на регионот“.