Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун побарал да се преземат мерки за спречување на корона вирусот.
Како што пренесе државната агенција КЦНА, Ким исто така побарал и навреме да се реагира за да се спречи штета на земјоделските култури што би можело да ја предизвика тајфунот Бави.
Како што објави агенцијата, Политбирото на Работничката партија се состанало во проширен состав за време на пандемијата, која го зголеми притисокот врз севернокорејската економија, која беше сериозно погодена од неодамнешните затворања на границите и поплавите.
Властите се загрижени за тоа како да доставуваат храна и неопходни состојки во изолирани делови од земјата погодени од поројни дождови и поплави.
Северна Кореја не пријави потврдени случаи на инфекција со корона вирус, но Ким Јонг-ун во јули изјави дека „може да се каже дека (вирусот) влегол“ во земјата и вовел строги ограничувања во градот Каесонг, откако маж покажал симптоми на Ковид -19.
По три недели, ограничувањата беа укинати.
Објавата на КЦНА ги демантира вестите од јужнокоресјки званичници кои во претходните денови лиферуваа дека лидерот на Северна Кореја е во тешка состојба, односно дека е во кома во болницата и дека моќта во земјата ја презема неговата сестра.