Ким Џонг Ун надгледувал лансирање ракета

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал „успешното тестирање“ на супер голем ракетен систем со повеќекратно лансирање и изразил „големо задоволство“, јавуваат севернокорејските медиуми.

Државната агенција КЦНА потврди дека целта на лансирањето била да се испита борбената примена на оружјето, што ја докажа нејзината „воена и техничка супериорност и цврста безбедност“.

Северна Кореја во четвртокот лансираше две ракети со краток дострел во морето крај источниот брег, информира јужнокорејската армија.