Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун сменил неколку високи функционери поради „сериозниот инцидент“ во борбата против пандемијата на коронавирусот, јави утринава агенцијата КЦНА.
– Функционерите предзвикаа сериозен инцидент што создава огромна криза за безбедноста на земјата и нејзините луѓе – кажа Ким на состанокот на Политбирото, јави КЦНА, без да даде повеќе детали.
Режимот во Пјонгјанг досега тврдеше дека епидемијата на коронавирусот не ја погоди Северна Кореја.
Во јануари 2020 година, Ким одлучи да ги затвори границите на Северна Кореја со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус што се појави во соседна Кина.