Северна Кореја има голема моќ и ќе ја употребиме сета сила доколку биде нападната, изјави водачот на оваа азиска земја Ким Џонг-ун на прославата на годишнината од севернокорејската армија.
„Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата. Ќе ја искористиме сета наша воена моќ и тоа е одлично да го збришеме непријателот од лицето на земјата“, изјавил Ким Џонг-ун за време на посетата на тамошното Министерство за одбрана, пренесува Reuters.
Споменувајќи ги непријателитена Северна Кореја, Ким вообичаено алудира на САД, и соседната Јужна Кореја, која ја означи како непријател број еден.
„Уште еднаш повторувам, никогаш нема да водиме дијалог и преговори со Јужна Кореја“, додал Ким Џонг-ун.