Севернокорејскиот врховен водач Ким Џонг-ун својата десетта година на власт ја заокружи со говор во кој за разлика од минатите години, ги споменувал фабриките за трактори и училишните униформи наместо нукеларното вооружување или САД или за односите со Јужна Кореја, пренесува во саботата службената новинска агенција KCNA.
Зборувајќи за внатрешните проблеми Ким посочил дека е неопходно да се извојува победа во „големата победа во борбата на живот и смрт“ која доаѓа во 2022 година, а 2021 ја оцени како година на „големата победа“.
Од 27-ми до 31-ви декември во Пјонгјанг се одржуваше четвртата пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја во осмиот состав. Како што известува KCNA, главната дискусија се водела за државниот буџет за 2022 година, за резултатите во штотуку заминатата и во настапувачката година, промените во статусот на владејачката партија и за организациските прашања. На крајот од пленумот е донесена резолуција која е одобрена едногласно.
„Генералниот секретар (Ким Џонг-ун) рече дека борбата во 2022 година ќе биде грандиозна борба на живот и смрт, којашто мора решително да се води и мора да се победи без најмало одлагање поради сеопфатниот развој на социјализмот, за доброто на големиот севернокорејски народ и саканите потомци“, го цитира агенцијата дел од говорот на Ким.
Ким Џонг-ун, исто така, изразил уверување дека како и годинава, „партијата и народот повторно ќе извојуваат победа“ во 2022 година.
Попследните две години Ким Џонг-ун не ги објавуваше традиционалните новогодошни обраќања до сонародниците, туку претпочиташе своите идеи на сонародниците да им бидат пренесени по големите партиски состаници на крајот на старата или почетокот на новата година. Така, на крајот од 2019-та Ким Џонг-ун претседаваше со четиридневната пленарна седница на партијата и немаше новогодишна порака во јануари 2020 година првпат откако дојде на власт. Во 2021 година, севернокорејскиот челник го објави говорот по партиската конвенција во јануари и исто така не одржа новогодишно обраќање до нацијата.
Годинава Ким Џонг-ун одржа и говор и поднесе извештај на партискиот пленум. Имајќи го предвид застојот во преговорите меѓу Северна Кореја со САД и Јужна Кореја за денуклеариацијата на Корејскиот полуостров, резимето на говорот на Ким не ги содржи двете земји во извештајот на KCNA.
Во главниот говор под наслов „За насоките на работата на партијата и државата во 2022 година“, севернокорејскиот лидер ги сумирал резултатите од претходната година, зборувал за земјоделството и градежништвото, зајакнувањето на структурата на партијата и на локалните власти, развојот на економијата, индустријата, науката и здравството, при што накусо се споменува и подобрувањето на одбранбените сили и важноста од антиепидемиските мерки.
Ким Џонг-ун истакнал дека во 2021 година била „клучната“ за земјата во врска со сфаќањето на „субјективните и објективни услови“ во кој ќе треба да се дејствува за спроведеување на новиот петгодишен план усвоен на почетокот од минатата година.
„На оваа пленарна седница сите ние ги допревме одговорните и тешки проблеми, согледувајќи ја стратешката важност на следната година, голема и значана работа, не помалку од годинава“, рекол Ким.
Истовремено, Централниот комитет на партијата во својот извештај 2021-ва ја опишува како „година на голема победа“, која го отворила патотот за промените и за целосен развој на „социјалистичката конструкца во услови на тешки искушенија“. Ким Џонг-ун, исто така, ги пофалил напорите и цврстиот дух на сопартијците, работници и народот кои овозможиле 2021-ва „гордо да блесне“ како „година на победата“ и во името на Централниот комитет испратил „топли поздрави“.
Во завршниот говор биле наведени и „фундаментални проблем“ и бројни „тактички насоки“ кои треба да се следат во меѓукорејските односи и воопшто на полето на надворешните односи како одоговор на тешката политичка ситуација во меѓународната политика и корејското опкружување. Но за оваа точка нема повеќе поединости во агенцискиот извештај.
Накусо се споменува и развојот на вооружувањето.
„Воената ситуација на Корејскиот полуосторв, која секој ден станува сѐ понестабилна, и промените во меѓународната ситуација бараат од нас да продолжиме уште помоќно во смисла на зајакнување на националните одбранбени капацитети без најмало одложување“, рекол Ким Џонг-ун.
Навестил дека е планирано зајакнување на дизциплината, лојалноста на припадниците на армијата кон партијгата, како и постојата подготвеноста на армискиот состав и опремата за брза мобилизација.
Севернокорејскиот челник во својот извештај за аграрното прашање ја нагласил потребата од техничката револуција во селата, зборувал за потребата од испраќање повеќе стручњаци од тамошните институти, за подигнување на нивото на образованието и на медицинските услуги и за зајакнување на инфраструктурата. Во својот извештај Ким детално се осврнал на правците за развој на земјоделството и рекол дека „техничкото, начното решение на аграрното прашање е клучно за стратешкиот развој“ на Северна Кореја.
Во извештајот на KCNA, без повеќе поединости и имиња, се наведува и дека на партискиот пленум биле отповикани и дополнителни избрани поголем број членови и кандидат за членови на Политбирото на и во Централниот комитет на владејчката севернокорејска Работничка партија.