Кими Раиконен нема да вози за Ферари следната сезона

Кими Раиконен нема да добие продолжување на договорот со Скудерија Ферари за следната сезона, официјално објави Формула 1 тимот. Се очекува набрзо и Шарл Леклер, младиот штитеник од Академијата на Ферари да биде официјално претставен за нов возач на екипата за следната година.

Иако неодамна починатиот Претседател на Ферари, Серџо Маркионе, како и новиот, Луис Камилиери, се големи обожаватели на финецот. ова ќе биде последна година во црвено за л“ледениот човек“. Шпекулациите велат дека во Италија било решено да се испочитува желбата на починатиот Претседател и Кими да се замени со ШАрл.

Иднината на Раиконен сеуште не е позната, дали тој ќе продолжи да се трка за некоја друга екипа во Формула 1 или пак ќе се повлече од најпрестижната тркачка серија. Од своето деби за Заубер во 2001 година тој стартуваше на 284 трки, победи на 20 од нив и освои шампионска титула во 2007 година за Ферари, последен возач што донел титула во Маранело.

Две години откако ја освои шампионската титула замина од Формула 1 и се тркаше во рели шампионатот, но во 2012 година повторно се врати во кремот на моторспортот договарајќи се да вози за Лотус. Во 2014 година се обврза на враќање во Ферари, а одтогаш до денеска стигна до 9 победи за екипата.

-Во овие три години придонесот на Кими во тимот како возач и како човек е клучен.  Одигра клучна улога во растот на екипата, а во исто време беше и феноменален тимски играч. Како светски шампион за Скудерија Ферари секогаш ќе остане дел од тимската историја. Му благодариме на Кими и му посакуваме на него и на неговото семејство просперитетна иднина – изјави Маурицио Аривабене, шефот на Формула 1 екипата.

Финецот го напушта Маранело како еден од најуспешните возачи во нивната историја, забележа 144 стартови во црвниот болид, помалку само од Михаел Шумахер кој стартувше 179 пати за Ферари. Исто така, донесе и 9 победи, а е најскорешен првак од Ферари.