Кина ја осуди изјавата на Г7, ги повика да престанат да ја клеветат

Кина во понеделникот ја осуди заедничката изјава на седумте индустриски најразвиени земји во светот Г7 во која е критикуван Пекинг за низа прашања, поради грубо мешање во внатрешните работи на земјата и ја повика групата која себеси се доживува како „најбогатите светски демократии“ да престане да ја клевети Кина.

Во заедничката изјава по тридневниот самит на Г7 во Англија, Кина е повикана да ги почитува човековите правата, да дозволи висок степен на автономија на поранешната британска колонија Хонгконг и се инсистира кинеските власти да спроведат транспарентна и целосна истрага за потеклото на коронавирусот во нејзиниот град Вухан во декември 2019 година.

Кинеската амбасада во Лондон соопшти дека е многу незадоволна и решително се противи на споменување на нејзината покраина Ксинџинпинг во која живее значителната туркофона муслиманска заедница Ујгури на која според Западот системски ѝ се кршат човековите права, Хонгконг и Тајван, поредупредувајќи дека се искривуваат фактите и се разоткриваат „злокобните намери на неколку земји како САД“.

Во објавата на кинеската амбасада се наведува и дека имајќи предвид дека пандемијата на Covid-19 сѐ уште се шири и ја забавува глобалната економија, на меѓународната заедница ѝ е потребно единство и соработка на сите земји, а не политики на поделби. Кина е мирољубива земја која заговара соработка, но има и свои лимити, соопшти амбасадата.

„Недозволиво е мешањето во кинеските внатрешни работи, да се клевети угледот на Кина и да се кршат кинеските интереси. Решителни сме да ги браниме својот национален суверенитет, безбедност и развојните интереси и решително ќе се бориме против сите водови неправди и повреди наметнати на Кина“, се истакнува во соопштенијата.

Групата Г7 би требало да стори повеќе на поттикнувањето на меѓународната соработка, наместо вештачки да создава судири и трвења, порачува кинеската амбасада.

Кинеската дипломатска мисија во Лондон го критикува и политизарањето на прашањето за потеклото на пандемијата на Covid-19, бидејќи Г7 во заедничката изјава повикува на „правовремена и транспарентна“ истрага на научниците од Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за потеклото на коронавирусот во Кина. СЗО во март годинава го објави извештајот по првата заедничка истрага, но САД и уште 13 земји заедно се спротиставија на ова известување.

„Политичарите во САД и во други држави ги пренабрегнуваат фактите и науката, отворено во прашање го доведиваат и ги негираат заклучоците од извештајот на стручната група и изнесуваат неразумно обвинувања против Кина“, предупредува амбасадата.