Кина би можела да и се приклучи на Русија во борбата против ИД – Исламска држава. Претседателот Си Јипинг го најави овој чекор по нападите врз Париз од петокот.
Британските медиуми, повикувајќи се на известувањата во кинеските, пишуваат дека кинескиот претседател го најавил овој чекор за време на разговорот со неговиот француски колега Франсоа Оланд.
Кинескиот премиер Ли Кечијанг изрази силна осуда за нападите. Засега нема информации дека меѓу жртвите имало кинески државјани, но според податоците на Кинеската национална администрација за туризам, во Париз во петокот имало околу 1.300 кинески туристи.
Поради коментарите на кинескиот претседател се шпекулира дека и Кина ќе се вклучи во воздушните напади во Ирак и Сирија.