Кина ќе претстави мировна иницијатива за Украина

Кина во саботата објави дела ќе изнесе мировна иницијатива за завршување на едногодишната војна во Украина којашто се темели на дијалог на завојуваните страни и почитување на територијалниот интегритет.

„Кина нема да стои настрана, ниту ќе долева масло на огнот. Ќе продолжиме да повикуваме на мир и дијалог“, изјави шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји на безбедносната конференција во Минхен.

Додаде и дека Пекинг ќе го претстави предлогот за политичко решение на украинската криза во основа на Повелбата на Обединетите нации.

Без да посочи конкретно на кого мисли, Ванг рече дела постојат „сили кои не посакуваат успех на преговорите и завршување на војната“ и дека санкциите не ги решаваат судирите меѓу државите.

„Ќе продолжиме да повикуваме на мири и дијалог… Мораме да му дадеме шанса на мирот. Предлагам сите да почнат да размислуваат сталожено, особено пријателите во Европа, за тоа што можеме да сториме да ја запреме оваа војна“, истакна првиот кинески дипломат.

Кина досега не ги осуди воените операции на Русија во Украина, туку ги означи САД и НАТО како главни виновници за војната којашто започна со руската инвазија на 24-ти февруари 2022 година.