Кина ќе спроведе истрага на увезеното свинско месо од ЕУ што се продава по многу ниска цена

Кина објави истрага за увозот на свинско месо и на производи од свинско месо од Европската унија, откако домашните производители се поќалија дека тие се продаваат по „вештачко“ ниски цени. Истрагата ќе го опфати свинското месо наменето за човечка исхрана, како што се свежи, ладни и замрзнати парчиња свинско месо и свински црева, а таа ќе започне на 17 јуни на барање на Кинеската асоцијација за сточарство, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Надлежниот државен орган мора да ја заврши истрагата во рок од една година, со можност за продолжување за дополнителни шест месеци, доколку има потреба, посочуваат од министерството.

На крајот на минатиот месец, весникот Глобал тајмс објави, цитирајќи деловни извори, дека кинеските производители планираат да побараат истрага за увоз на некои свински производи од ЕУ, тврдејќи дека тие се продаваат по дампинг цени. Весникот во четвртокот објави на платформата X, повикувајќи се на „инсајдерски“ информации, дека компаниите официјално побарале истрага, без да прецизираат кои производи треба таа да ги опфати, а не ги наведоа ниту фирмите кои подне барање.