Кинеските власти планираат да спроведат вакцинирање против коронавирусот на 50 милиони луѓе пред поречтокот на сеозната на масовни патувања за лунарната нова година, пишува весникот South China Morning Post.
Стотици милиони Кинези секоја година патуваат најчесто во свотие родни краишта каде со пошироките свои семјествата го прославуваат доаѓањето на лунарната или киненската Нова година, која уште ја наекуваат фестивал на пролетта.
Пекинг планира да дистриубуира 100 милиони дози од вакцините на кинеските производители „Sinopharm“ и „Sinovac Biotech“.
Кинеските здравствени власти дадоа вонредно одобрување за две вакцини против коронавирусот на фармацевтската компанија „Sinopharm“ и за едно на „Sinovac Biotech“. Ја одобрија и четвртата, на производителот „Sino Biologics Inc“, но таа ќе се користи за превенција во редовите на армијата.
Во написот на South China Morning Post се наведува дека од кинеските служебиници е побара да го довршат вакцинирањето со првите 50 милиони дози од вакцината до 15-ти јануари, а второто до 5-ти февруари.
Целта на масовната вакцинација на групите со висок приоритет е да се намали ризикот од ширење на заразата во текот на долгите празници кога има масовни миграции на населението од големите градови кон врантрешноса на Кина, а потоа обратно. Групите со висок приоритет ги вклучуваат здравствените работници, полицијата, цариниците, работените во транспортот и логистиката.
Властите на покраината Сичуан, исто така, најавуваат вакцинирање и на постарите лица и на пациенти со хронични билести, за почетокот на јануари, откако ќе заврши вакцинацијата на приоритетните групи, соопштиле тамошни функционери.