Кина ги намалува каматните стапки кога се продлабочува кризата со недвижнините

Кинеската централна банка ги намали каматните стапки во настојувањето да го поткрепи погодениот од кризата пазар на недвижнини и да го поттикне растот на економијата, кој последните месеци забавува поради епидемиолошките „затворања“ поради коронавирусот.

Кинеската народна банка (PBOC) во понеделникот ја намали петгодишната основна каматна стапка за 15 базни поени, на 4,30, додека каматата на едногодишните кредити ги намали за 5 базни поени, на 3,65 отсто.

Втората според обемот најголема светска економија се соочува со криза на пазарот на недвижни којашто го запре градењето на некои проекти. „Затворањата“ поради строгата политика на „нулта толеранција“ на епидемијата на Covid-19, исто така, ги притисна компаниите и купувачите.

Си намалувањето на петгодишната каматна стапка од страна на централната банка, ќе се намалат трошоците за отплата на кредитите во целата земја. Главната економистка за Кина во банката ING, Ирис Панг за Reuters вели дека потезите на централната банка се дел од пошироките напори да се поддржи пазарот на недвижнини.

„Во исто време некои локални самоуправи започнаа на инвеститорите да им позајмуваат средства за да ги продолжат градежните зафати на недоизградените куќи. Овие две мерки заедно би требало да ја намали загриженоста кај сегашните кредитопримачи“, вели Панг.

Се проценува дека кризата на кинескиот пазар на недвижнини минатата 2021 година избришала повеќе од 1.000 милијарди долари вредност во овој сектор. Според официјалните податоци, продажбата на недвижнини во Кина паѓа 11 месеци со ред. Тоа е најдолгиот пад откако Кина го создаде приватниот пазар на недвижнини во доцните 1990-ти години.

Неколку кинески компании ги прекинале градежните работи на станбени објекти кои веќе биле продадени, загрижени за сопствените финансии. На тоа стотици купувачи на недвижнини се заканија дека ќе престанат да плаќаат кредитите додека градењето не продолжи.

Во меѓувреме кинеската влада сигнализираше дека земјата би можела да ја пропушти својата цел за годишен економски раст од 5,5 отсто. Највисокиот орган на владејачката Комунистичка партија за креирање политики, Политбирото не го споменуваше официјално целениот рата по кварталниот економски состанок во јули. Само беше соопштено дека челниците ќе „настојуваат да ги постигнат најдобрите можни резултати“.