Кина ги повлече акредитациите за новинарите на три американски весници

Кина вчера им ги одзеде акредитациите на новинарите на три американски весници, продлабочувајќи го остриот судир околу коронавирусот на релацијата Вашингтон-Пекинг, јавија британските медиуми.

Официјален Пекинг им ги одзеде акредитациите на новинарите на „Њујорк тајмс“, на „Вол стрит џорнал“ и на „Вашингтон пост“, кои им беа издадени за до крајот на годината и од нив побара да ги вратат дозволите за работа  во континентална Кина, Хонг Конг и Макао.

Освен тоа, Пекинг од трите весника, како и од дописништвото на „Гласот на Америка“ и на магазинот „Тајмс“, побара во писмена форма на надлележните
служби да им ги предадат податоците за бројот на вработените, операциите и недвижностите во Кина, како и финансиките извештаи за нивната работа.

Кинеските власти соопштија дека е во прашање реципрочна мерка заради американските рестрикции за кинеските новинари. Ова е „неопходна и реципрочна контрамерка како одговор на Кина на несфатливиот притисок со кој се соочуваат кинеските медиуми во САД“, се наведува во соопштението.

Вашингтон претходно овој месец најави намалување на бројот на кинески државјани кои на територијата на САД работат за кинеските државни медиуми од 160 на 100.

Најновата одлука на кинеските власти е донесена во екот на обвинувањата меѓу Вашингтон и Пекинг за коронавирусот. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во Вашингтон дека последната одлука на Пекинг и светот и кинескиот народ ќе ги скрати за информации во овој тежок и предизавикувачки период, одбележен со пандемијата од коронавирусот.

И раководствата на трите американски весници ја осудија одлуката на кинеските власти.

-Кина прави голема грешка која претставува враќање назад и ја исклучува од највлијателните светски новински органзиации, изјави главниот уредник на „Њујорк тајмс“, Дин Бакет: