
Кина ги одбила барањето на Соединетите држави за средба на министрите за одбрана на двете суперсили на годишниот безбедносен форум кој викендов ќе се одржи во Сингапур, известуваат медиумите во вторникот.
„Кина нѐ извести дека го одбила нашето барање од почетокот на мај министерот Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу во Сингапур“, наведуваат во писмената изјава од Пентагон за весникот The Wall Street Journal.
Од Пентагон додаваат дека веруваат во отворена комуникација „за да се осигури конкуренцијата да не прерасне во судир“.
Минатата седмица портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека американското Министерство за одбрана разговарало за покренување разговори меѓу министерот Лојд Остин и неговиот кинески колега Ли Шангфу кој во март беше именуван на должноста и веќе на почетокот од април првата своја посета на странство како министер ја имаше во Москва.
Шансите за средба меѓу Остин и Шангфу внимателно се следеа., имајќи ги предвид регионалните безбедносни тензии и трговските спорови кои ги исфрлија од колосекот плановите за ново затоплување на односите меѓу двете најголеми светски економии.
Минатата седмица американската министерка за трговија Џина Рајмондо и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао разменија ставови за трговската, инвестициската и извозната политика на состанокот во Вашинготн кој ја означи првата размена на мислења на ниво на американско-кинеските владини односи во неколку месеци.
Безбедносниот аналитичар од Сингапур, Јан Стореј за Reuters дека ова одбивање од Кина не навестува ништо добро.
„Во време на растечките американско-кинески тензии, одбивањето на генералот Ли да се сретне со своите американскиот колега дополнително ќе ги истроши регионалните нерви“, вели Стореј.
Министрите Остин и Ли ќе престојуваат во Сингапур каде ќе учествуваат во годишниот „Шангри-ла“ дијалог кој почнува во петок, неформален состанок на функционери од одбраната и безбедносни аналитичари од регионот. Се очекува дека двајцата ќе имаат низа билатерални средби со колегите од целиот регион.
Засега нема објаснување од Пекинг за одлуката на Ли, но некои безбедносни аналитичари сметаат дека можеби причините за тоа се американските санкции, што ја налути Кина.
Ли Шангфу, за кого безбедносните аналитичари го сметаат за ветеран во напорите за модернизација на кинеската Народноослободителна војска, е под санкции на САД од 2018 година поради купување на борбени авиони и опрема од главниот руски извозник на вооружување концернот „Рособоронекспорт“. Ли е член на Централната воена комисија, највисокото одбранбено тело на Кина со кое претседава претседателот Кси Џинпинг.