Кина го повика јапонскиот амбасадор поради коментарите на Абе за Тајван

Кинеското министерство за надворешни работи го повикала јапонскиот амбасадор во Пекинг како одговор на коментарите на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе во врска со Тајван, кого Кина го смета за своја одметната покраина и отворено најавува дека ќе го врати во матицата земја.

Кинеската дипломатија во четвртокот соопшти дека потегот е одговор на коментарот на Абе, кој за јавноста изјави дека Јапонија и САД нема да мируваат доколку Кина воено го нападне Тајван.

На средбата со амбасадорот Шуио Хиде во средата вечерта заменичката на кинескиот министер за надворешни работи Хуа Чуинјинг изјави дека забелешките на Шинзо Абе се „неодговорна“ и „група интервенција“ во кинеските внатрешни работи.

„Јапонија не би требало да ја потценува решителноста и силата на кинескиот народ“, додаде Хуа.

Абе во видео-говорот на настанот на кој домаќин беше кинески тинк-тенк изјавил дека вонредната состојба за Тајван претставувало вонредна состојба и за американско-јапонскиот сојуз, како и дека тоа Пекинг не би смеел да го потцени. Абе, исто така, истакнал дека Кина би имала тешки економско последици доколку го нападне Тајван.

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.