Кина го повика МКС да избегнува „двојни стандарди“

Кинеските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд да ги избегне, како што нагласија, „двојните стандарди“ и да го почитува имунитетот на шефовите на држави.
Трибуналот издаде налог за апсење на рускиот лидер Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.
-Судот треба да „задржи објективен и непристрасен став“ и „да го почитува имунитетот на шефовите на држави од јурисдикција според меѓународното право“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг.
Тој повика МКС да „избегне политизација и двојни стандарди“.