Од денеска Кина го прекинува увозот на овошје и два вида рибни производи од регионот на Тајван, изјави Ма Ксијаогуанг, портпарол на Канцеларијата за прашања на Тајван при Државниот совет.
Забранет е увозот на грејпфрут, лимони, портокали и замрзната скуша од Тајван, пренесува Танјуг.
„Извозот на природен песок од копното Кина во Тајван, исто така е прекинат“, рече Ма.
Најновото влошување на односите во Тајванскиот теснец се случи поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.