Кина и Русија се две од 12-те земји кои во вторникот беа избрани во Советот за човекови права на Обединетите, на што реагираат западните невладини групи за човекови права кои овие две земји ги нарекуваат „најголеми кршители“.
САД го напуштија ова тело на светската организација во 2018 година, нарекувајќи го „бедни бранители на човековите“ права.
Велика Британија и Франција, исто така, се избрани во западноевропската група а Русија и Украина ги заземаа испразнетите места во групата источна Европа. Куба, Боливија и Мексико ги преземаа трите расположливи места во Советот за човекови права при ОН кои припаѓаат на групата Латинска Америка и Кариби. Кина, Непал, Пакистан и Узбекистан ги добија местата во регионот Азија и Пацифик, Брегот на слоновната коска, Габон, Малави и Сенегал се избрани во регионот Африка.
Мандатот на новите членки им започнува во јануари и трае три години.
Саудиска Арабија, уште една земја кандидат за Советот на чиј избор активистите се противеа, не усепа да освои ниедно од 15-те испразнети места во телото кое има 47 членки на изборите одржани во седиштето на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Повеќето земји кандидатки немаа противкандидати, а Русија беше една од нив. Кина и Саудиска Арабија конкурираа за местата во групата Азија и Пацифик во која пет држави се кандидираа за четирите испразнети места.
„Неуспехот на Саудиска Арабија да го освои местото во Советот за човекови права на ОН е добар потсетник дека се потребни повеќе кандидати. Да имаше уште кандидати, Кина, Куба и Рисија можеби исто така би загубиле“, изјавви Луис Шарбоно директор на организацијата Human Rights Watch (HRW), поранешен директор на редакцијата на Reuters во ОН.
„Неконкурентно е натпреварувањето како ова го претвора овој светски избор во лакрдија“, изјави Шарбоно и истакна дека „сериските нарушувачи на човековите права не би требало да бидат наградени со место“ во Советот за човековите права.
„Изборот на овие диктатура за судии за човекови права на ОН е како група пиромани да ги вработите во противпожарна бригада, Логички е апсурдно и морално мрачно за ОБН да ја избере Кина која е критикуван аза постоапување кон етничките малцинства и гупшењето на слободите во Хонгконг“, мсета Хилел Ноер извршен директор на UN Watch, група за човекови права од Женева.
Тој алудираше на тоа што минатата седмица 40 земји од над 190-те членки во ОН изразиле „сериозна загриженост“ поради наводното масовно затворање на ујгурските муслимани во логори во Кина која осудива многу Ујгури за исламистички тероризам. Саудиска Арабија и Русија, пак, ги обвинвуаат за задушување на опозициите дома и за мешање во војните во Јемен односно Сирија.
„Саудиска Арабија погуби 184 луѓе во 2019 година. Русија убива новинари и ги труе дисидентите. Куба е полициска држава“, вели Неуер без да споменува конкретни настани.