Кина испраќа војска и лекари во Шангај за тестирање 26 милиони жители на коронавирусот

Кина испрати војска и илјадници здравствени работници во мегалополисот Шангај за да помогнат во спроведувањето на тестирањата на Covid-19 за сите 26 милиони жители, додека во понеделникот продолжува да расте бројот на новите случаи на зарази со коронавирусот.

Дел од жителите беа будни уште пред мугрите за да можат да бидат тестирани од здравствените работници во нивните станбени објекти, а многумина стоеја во редови во пижами и на оддалеченост од два метра еден од друг. Повеќе од 10.000 здравствени работници од провинциите Џиангсу, Жечијанг и Пекинг стасаа во Шангај, според извештаите на кинеските медиуми.

Кинеската Народноослободителна војска (армијата) во неделата испрати повеќе од 2.000 припадници на санитетот од копнените, поморски и заедничките сили за логистичка поддршка во Шангај.

Станува збор за најголемиот одговор на кинеското јавно здравство откако земјата се справуваше со почетната епидемија на Covid-19 во Вухан кон крајот на декември 2019 година кога коронавирусот првпат беше откриен. Државниот совет соопшти дека војската во тоа време испратила повеќе од 4.000 припадници на санитеот во провинцијата Хубеи, чиј административен центар е Вухан.

Шангај, чиишто власти воведоа блокада на 28-ми март које е проширена така што сите жители практично се затворени во нивните домови, пријавија 8.581 асиптоматски и 425 симптоматски случаи на Covid-19 за неделата 3-ти април. Исто така, ги замолија жителите во неделата да се самотестираат.

Иако епидемијата во Шангај, и воопшто во Кина, е минорна споредено со бројките во светот, градот стана тест за кинеската стратегија за елииминација на болеста која се заснова на тестирање, следење и карантин на сите позитивни случаи и нивните блиски контакти,

Аксцијата на тестирања во најнаселениот кинески град се одвива во времето кога властите на Шангај првично рекоа дека планираат да го укинат карантинот во градот. Земјата има 12.400 институции кои се способно да ги обработат тестовите, вкупно дури 900 милиони луѓе дневно, изјавија во март од кинеското министерство за здравство.

Во Шангај, исто така, повеќе болници, гимназии, станбени блоковои и други простори се претворени во централни карантенски локации, вклучително и познатиот „Shanghai New International Expo Center“, кој може да прими 15.000 пациенти со полн капацитет.