Научниците од лабораторијата во кинескиот град Вухан, кои се напаѓани од САД во врска со ширењето на новиот коронавирусум, биле обучувани во Америка и во Франција, истакна во четвртокот кинеската влада во текот на полемиката за потеклото на новиот вирус.
Спорна е тезата дека вирусот потекнал од лабораторијата со висока безбедност P4 во Вухан, градот каде што кон крајот на минатата година беше идентификуван новиот тип SARS-CoV-2 кој ја предизвика пандемијата на респираторната болест Covid-19.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно седмицава изјави дека „постојат бројни докази“ дека вирусот потекнува од лабораторијата во Вухан, што Кина децидно го отфрла.
„Лабораторијата Р4 во Вухан е резултат на соработката на кинеската и француската влада. Проектот за лобораторијата, управувањето и конструкцијата се изведени со почитување на строгите меѓународни норми и првите лица кои работеа се обучени во лабораториите Р4 во САД и во Франција“, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.
Споменатата лабораторија во Вухан во 2017 година добила официјална потврда во текот на свеченоста на којашто присуствуваше и тогашниот француски премиер Бернар Казанев. Започна со работа врз основа на договорот меѓу Кина и Франција од 2004 година.
Лабораториската опрема во Вухан секоја година е тестирана од трета страна, истакна Хуа и повтори дека Помпео нема никакви докази дека вирусот излегој од споменатата лабораторија.