Но, во Хонг Конг минатата година избија продемократски протести кои го ставаат тој политички систем под прашалник, а во изминатите недели изгледа дека повторно земаат замав.
„Ќе заговараме долготрајна стабилноста на едната држава и двата системи и ќе продолжиме да поддржуваме подобрување и имплементација на системот и механизмите на уставот и основните закони“, кажа Ванг Јанг, четвртиот најмоќен човек на Кинеската коминистичка партија, пред почетокот на Националната советодавна конференција.
Станува збор за тело кое ќе се сретне во исто време со Народното собрание кое утре треба да ја почне седницата за расправата за политичките цели за оваа година.
Тие два собири се најважните годишни политички настани во Кина.
Британија, која ја презема власта над Хонг Конг кон средината на 19 век, и ја врати територијата на Кина во 1997 година. Макао, поранешна португалска колонија, беше вратена две години подоцна.
На Хонг Конг при предавањето му беше загарантирана автономија 50 години во согласност со „една држава, два системи“, што му овозможи да стане светски финансиски центар, додека Макао се сврте кон коцкањето.
Сепак, голем број жители на Хонг Конг стравуваат дека централните кинески власти се на пат на одземање на тие слободи.