Кина нема да ја прифати американската „кражба“ на TikTok

Пекинг нема да ја прифати американската кражба на кинеката технолошка компанија за снимање куси видео-инсерти „TikTok“, објавија во вторникот државните медиуми.

Притисокот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз кинеската компанија „ByteDance“, чијашто фирма-ќерка е компанијта „TikTok“, да ги продаде своите активности во САД или да ризикува укинување, е еднакви на принципот „скрши и зграпчи“, објави кинескиот државен дневен весник на англиски јазик The China Daily.

Иако Пекинг веројатно ќе биде „претпазлив“ во наметнивањето соодветни ограничувања за американските компании во Кина, постојат „многу начини“ да возврати, се додава во воведникот на весникот.

Американскиот технолошки гигант „Microsoft“ во понеделникот порача дека влегува во разговори со „ByteDance“ за купување на одредени делови на „TikTok“, откако американскиот претседател им даде 45 дена да постигнат договор. Трамп на почетокот се закани дека ќе го забрани „TikTok“ во САД како опасност за националната безбедност.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во текот на штотуку изминатиот викенд дека Вашингтон би можел „многу скоро“ да преземе постапки против „TikTok“ и други кинески компании, за кои се смета дека споделуваат електронски податоци со кинеските власти.

Во неделата од ByteDance“ порачаа дека и натаму нивната цел е создавање глобална компанија и покрај „сложените и незамисливи тешкотии“ кои вклучуваат и „тензична“ меѓународна политичка атмосфера.