Кинеското министерство за надворешни работи го повика во неделата американскиот амбасадор во Пекинг и му вложи „остар протест“ поради апсењата на директорката за финансии на кинескиот технолошки гигант „Huawei“,, Менг Ванжу, минатата седмица во Канада и смета дека САД мора да го повлечат налогот за нејзино апсење,
Менг Ванжу, потпретседателка на споменатата технолошка компанија и ќерка на основачот на „Huawei“, Рен Женгфеи, на први декември беше уапсена во Ванкувер и и’ се заканува екстрадиција во САД, каде што е обвинета дека ги прекршила американските санкции против Иран. Американските власти го следеле „Huawei“ најмалку од 2016 година поради наводно купување на американски производи за Иран и други земји коишто биле под американски санкции, изјавија претходно седмицава неименувани извори на Reuters. Освен кршењето на санкциите, компанијата се сомничи и дека е своевиден таен агент на кинеските власти, како и дека го прекршил пактот за нешпионирање кој беше потпишан во временот на поранешниот американски претседател Барак Обама.
Заменикот на кинескиот министер за надворешни работи Ле Јученг на американскиот амбасадор Терио Банстад му рекол дела САД упатиле „неразумно барање“ до Канада да ја уапси Менг, додека на аеродром чекала лет, се наведува во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи. „Американские постапки сериозно ги крашат легитимните права на кинеската државјанка и по природа се заканувачки“, според соопштението му било речено на американскиот амбасадор.
Кина ги повикува САД да обрнат внимание на праведниот кинески став, и да го повлечат налогот за апсење на Менг, рекол Ле. „Кина ќе одговори во зависност од следниот американски потег“, рекол без да се појаснува кој би бил тој начин.
Во саботата вечерта слична порака му била испратена и на канадскиот амбасадор. Притоа Ле предупредил дека доколку Канада веднаш не ја ослободи Менг ќе понесе „сериозни последици“.
Од „Huawei“ штуро објавија дека немаат сознанија за никакво престап за кој Менг би можела да биде одговорна, како и дека компанијата се придржува до законите во секоја земја во којашто е активна, како и до постојнита санкции. Менг во 2007 година ја презема директорската позиција во компанијата „ Skycom Tech“ со седиште во Хонгконг, која е дел од холдингот „ Huawei“, а соработува со Иран. Нејзината улога во оваа компанија е од посебен интерес за американските власти.