Кина одобри лек против Covid-19

Кина го одобро првиот лек за заболените од коронавирусната болест Covid-19, две години откако болеста првпат беше идентификуванта токму во оваа земја од каде се прошири во пандемија.

За разлика од вакцините коишто делуваат превентивно, лекот кој добил одобрување од кинеските здравствени и регулаторни власти, спречува веќе заболените од Covid-19 да равијат тешки компликации.

Кина, којашто првата го дијагностицираше новиот коронавирус SARS-CoV-2 кој крајот на декември 2019 година во Вухан, главниот град на централната покраина Хубеи, успеа речиси да ја искорени билест со прмена на извонредно строгите мерки, како што беа затворањето на границите, строгата контрола на движењето на населението и карантинските мерки.

Кинските власти, водејќи се од реципроцитет, досега не одобрија ниедна вакцина против Covid-19, освен оние кои ги создадоа домашните научниците и ги произведуваат домашните фармацевтски компании, и наведуваат дека досега се вакцинирани повеќе од 70 отсто од нејзините жители.

И покрај тоа, земјата последните месеци се соочува со појава на нови локално ограничени жаришта на вирусот, но тие бројки се ниски и неспоредливи со дневните бројки на заразените во странство.

Националната агенција за лекови ојави дека „итно одобрила“ кинески лек против Covid-19 на база на моноклони антитела. Тие се врзуваат за протеинот на шилецот на коронавирусот и така ја намалуваат неговата способност да продред во човековите моноклетки.

Лекот се применива со инјекција, а го развиле влијателниот Универзитот Цинхуа во Пекинг, Третата народна болница од Шензен на југот на Кина, и компанијата „Brii Biosciences“.

Клиничките испитува покажале дека лекувањето може за 80 отсто да ги намали хоспитализациите и заканата со смртен исход кај чувствителните пациенти, наведуваат од Универзитетот Цинхуа. Локалните медиум наведуваат дека лекот им бил даван кои неодамна заболеле кога се појавиле нови жаришта Covid-19.

Кина во четвртокот објави дека има 83 заразени во целата земја. Во Кина се применуваат неколку вакцини развиени во земјата, но според тврдењата на западната научна заедница се помалку ефикасна од странските вакцини. Светската здравствена организација (СЗО – WHO) одобри за итна употреба две кинески вакцини на произведувачите „Sinovac“ и „Sinopharm“, но не се одобрени во западните земји.