Пекинг започна трговски спор пред Светската трговска организација (СТО – WTO) против САД поради мерките за контрола на извозот на чипови од Кина односно нивниот увоз во САД, соопшти кинеското министерство за трговија.
Вашингтон во октомври донесе сеопфатен попис на прописи со намера да ја забави кинеската индустрија на полупрводници, што предизвика остри реакции од Пекинг.
„Кина започнува правни дејствија пред СТО поради неопходниот начин на решавање на нашите загрижености и одбраната на напите легитимни интереси“, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија, кое го пренесе дипломатската мисија во Женева.
Се додава дека американските ограничувања ја „загрозиле стабилноста на глобалните индустриски синџири за снабдување“, како.
Кинеското „барање за консултации“ е првиот чекор во долгата процедат пред СТО, која може да трае со години.
„Го примивме кинеското барање за консултации поврзани со одредени дејствија на САД кои влијаат врз пазарот на полупроводници. Како што веќе и соопштивме на Кина, овие насочени активности се однесуваат на националната безбедност, а СТО не е соодветниот форум за дискусија за прашања коишто се однесуваат на национална безбедност“, соопшти портпаролот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник Адам Хоџ.
Жалбата на Кина на ограничувањето од САД на ограничувањето на извозот на нивните чипови доаѓа неколку дека по пресудата на СТО против Вашингтон во одвоената тужба за царините на метали кои меѓу другите ѝ ги воведе и на Кина. САД, кои редовно ги критикуваат арбитражните одлуки на СТО, ги отфрлија и последните заклучоци на оваа глобална организација.