![Novel Conoravirus-struck Wuhan bans private traffic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/kina-3.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Способноста за ширење на новиот тип коронавирус од човек на човек е сѐ посилна и се очекува дека бројот на заразените ќе се зголемува, објави во неделата кинеската национална комисија за здравство во моментот кога повеќе од 2.000 лица ширум светот се заразени, а 56 лица починаа од заболувањето.
Зголемена е способноста на новиот вид коронавирус 2019-nCoV да се пренесува од човек на човек, а како резултат на тоа епидемиолошката ситуација мина во нова покомплексна фаза, изјави на прес-конференција во неделата шефот на Национлната здравствена комисија, Ма Ксиаовеи. Додаде дека сознанијата за овој вирус се ограничени.
Според него, инкубацијта се движи од еден до 14 дена, а вирусот може да зарази други и во текот на тој период, што не беше случај со SARS-oт, кој исто така е предизвикан од коронавирус кој зпочна од Кина и од кој починаа речиси 800 лица ширум светот во 2002 и 2003 година.
Напорите да се ограничи ширењето кои досега опфаќаат ограничување на протокот на патниците и откажувње на масовните настани ќе бидат засилени, порача Ма на вториот ден од кинеските новогодишни празници.
Вирусот, за кој се верува дека се проширил кон крајот на декември од пазарот со морска храна во градот Вухан во централна Кина, на кој се продаваат нелегално и диви животни, се прошири и на други кинески градови, меѓу кои се Пекинг и Шангај, како и на други држави, како САД, Тајланд, Тајван, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Франција и Канада.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг на состанок на политбирото на комунистичкта партија во неделата рече дека земјата е соочена со „тешка ситуација“ во моментот кога властите ширум светот се обидуваат да ја спречат пандемијата. САД објавија дека ги повлекуваат конзуларниот персонал од Вухан.
Во неделата Кина објави дека воведува забрана за продажба на диви животни на сите пазри, ресторани и преку интерент платформи. Кинеските пазари се сметаат за инкубатори на вирусот кој од дивите животни минув на луѓето. Змии, лилјаци, крокодили и други видови се продаваат на интернет платформите.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) оваа седмица не ја прогласи заразата за глобална итна ситуација, но некои здрвствени експерти не се убедени дека Кина може да го огрничи ширењето на оваа болест. Во неделата Кина потврди дека до 25-ти јануари 1.975 лица се заразени со овој вирус, а досега од болеста починале 56 луѓе.
Мерките спроведени во Кин опфаќат и карантин над Вухан, град со 11 милиони жители до кој одат само возилата на итните служби. Здравствените влсти во Пекинг ги повикаа во неделата жителите да избегнуваат ракувања и ги упатуваат да се поздравуваат со мавтање на раката, а најавија и дека почетокот на наставата по новогодишните празници ќе биде одложен.
Разгорувањето на заразата ја стави во втор план прославата на кинеската лунарна Нова година, кога стотиции милиони Кинези патуваат. Многу туристички дестинации се затворени, а настаните на отворено се откажани, како и проекции во кино-салите.
Новооткриениот вирус алармира и поради тоа што многу нешта сѐ уште не се познати за него, на пример, колку е опасен и колку брзо може да се шири меѓу луѓето. Предизвикува воспаление на белите дробови, којашто во некои случаи била смртоносна.
Во саботата Хонгонг прогласи вонредна состојба и откажа прослави, ограничувајќи ги заминувањата во другите делови од Кина. Во неделата е затворени и хонконшкиот забавен парк Дизниленд, како и тематскиот Океански парк. Во Хонгконг потврдени се пет случаи на зарзата.
Канада во саботата потврди дека регистрирала прв сличај на заразатата кај свој жител кој се вратил од Вухан, а истиот ден и Австралија ги потврди првите четири случаи. Во Малезија се откриени четири случаи, а Франција во петокот ги објави првите два слуачи на болеста во Европа. И во САД се регистрирани неколку случаи. Поради тоа, на аеродромите ширум светот се засилени санитарните контроли над патниците од Кина, но мерките не се ефикансни, бидејќи на пример два од трите случаи откриени во Франција допатувале од Кина без симптоми на болеста.