Кина признава дека протестите се поради ревносното спроведување на ковид-мерките

Јавните поплаки на кинескиот начин на ширењето на заразите со коронавирусната болест Covid-19 произлегуваат од премногу ревносното спроведување, особено кога се користи ткн пристап „една големина за сите“, а не од самите меки, изјави во вторникот висок претставник на кинеските здравствени власти.

Ченг Јоучуан од Националната управа за контрола и превенција на болестите во вторникот се обрати за медиумите на редовниот седмичен брифинг, по раширените протести изминатиот викенд поради строгите епидемиолошки ограничување за сузбивање на коронавирусот,

Кина моментално бележи најголем број случаи на Covid-19 од почетокот на пандемијата. Во вторникот, здравствената комисија во Пекинг објави 38.400 нови случаи, што е малку помалку од рекордот од повеќе од 40.000 поставен ден претходно. Во моментов има големи ограничувања на движењето во неколку кинески градови со повеќе од милион жители, како што се Пекинг, тешко погодениот јужен кинески град Гуангжу и Чонгкинг.

„Проблемите за коишто се зборува во јавноста не се насочени на самата превенција и контролирањето на епидемијата, туку на поедноставувањето на мерките за превенција и контрола“, рече Ченг.

Притоа додаде дека Кина брзо ќе започне со решавање на проблемите и тешкотиите на коишто граѓаните го обратиле вниманието.

Запрашан дали протестите ќе ги поттикнат властите да ја преиспитаат политиката на „нулта коронавирус“, Ми Фенг, портпаролот на Националната здравствена комисија, рече дека ќе продолжат напорите таквата политика да биде прилагодена за да се намали нејзиното влијание.

 

Протестите не можат да ја стресат власта

Познатиот кинески дисидент кој живее во Португалија, Аи Веивеи, чијашто уметност често ја критикуваше политиката на официјален Пекинг, изјави претходно дека неодамнешниот бран протести нема да ја потресе власта на кинескиот претседател Кси Џинпинг, бидејќи полицијата едноставно ќе ги замолчи.

Изминатите денови демонстранти излегоа на улиците на големите градови, меѓу кои и престолнината Пекинг и финансискиот центар Шангај, протестирајќи против епидемиолошките мерки и ограничувањето на движењето воведено поради ширењето на Covid-19, што се оценува како демонстрација на граѓанска непослушност во Кина, особено откако на власт дојде Кси Џинпинг.

Речиси три години по избувнувањето на пандемијата во кинескиот град Вухан, кинеските власти велат дека нивните јавноздравствени политики не се насочени во секој момент да има нула случаи на заразата, туку дека станува збор за „динамичко“ преземање мерки кога ќе се појават случаите.

Аи Веивеи смета дека протестите веројатно нема да продолжат, и не само затоа што безбедносните сили ќе ги замолчат оние кои гласно протестираат, туку и затоа што на самите демонстранти им недостига организација и водство.

„Нема јасна политичка агенда, па многу лесно само можат да ги уапсат и (властите) да си продолжат натаму“, изјави Аи за Reuters.

Запрашан кој би можел да го води протестното движење, Аи кој во 2011 година мина 81 ден во притвор во Кина, вели дека не постои таков, бидејќи во земјата нема „политичка атмосфера“.

Иницијална каписла за протестите беше минатонеделниот протест во западната покраина Ксинџијанг во кој во повеќатница покраинската престолнина Урумкчи загинаа десет лица наводно поради блокирање на еден од излезите од зградата поради епидемиолошкото „заклучување“, а градските власти тоа го негираа.