Кина прогласи „решавачка победа“ над Ковид-19

Највисоките кинески лидери прогласија „решавачка победа“ над Ковид-19, велејќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицинска помош и имаат најниска стапка на смртност во светот.

– Со континуирани напори за оптимизирање на мерките за превенција и контрола на Ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на Ковид-19 направи непречена транзиција за релативно кратко време, истакна Постојаниот комитет на Политбирото на Кина (ПСЦ) на состанок.

„Постигната е голема решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата“, додаваат тие.

Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветно лекување, но лидерите предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, јавија државните медиуми.

На состанокот било истакнато дека Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за старите лица и ќе го зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.

ПСЦ, најмоќното раководно тело на Кина, ги повика сите локални власти и одделенија да го зајакнат системот на медицински услуги.

Кина во декември ја укина својата речиси тригодишна строга анти-ковид политика по протестите против строгите владини ограничувања.