Кина регистрираше суфицит од 33,8 милијарди долари

Надворешно-трговската размена била 370,61 милијарди долари во ноември, од кои што 202,21 милијарди од извоз и 168,4 милијарди долари од увоз.

Според податоците на царинската служба, извозот пораснал за 12,7 отсто на годишно ниво, а увозот за 5,3 отсто.