4.8 C
Skopje
вторник, јануари 7, 2025

Кина со задоцнување ги испратила информациите во СЗО за коронавирусот

Кина задоцнила да објави важни информации за коронавирусот во првите денови на епидемијата, јави агенцијата Асошиејтед прес, повикувајќи се на документи од СЗО.

Кина чекала повеќе од една недела пред да објави важни информации за геномите на коронавирусот на 11 јануари, според АП.

Две недели подоцна, Кина повторно задоцнила да го извести СЗО за деталите за случаите на коронавирус и состојбата на пациентите, што довело до недостаток на јасна проценка за тоа дали вирусот може да се пренесе од човек на човек и за ризикот по остатокот на светот.

Доцнењето довело до незадоволство на претставниците на СЗО, иако светската организација официјално ја пофали Кина за транспарентност и брзо споделување на информации за вирусот со остатокот од светот, според американската агенција, која што се повикува на десетици разговори и внатрешни документи на светската организација.