5.8 C
Skopje
недела, февруари 2, 2025

Кина со закон ќе забрани ноќни онлјан игри на малолетници

Официјалните владини упатства ќе се применуваат за сите платформи за игри преку интернет, особено Tencent, кинеска компанија за социјално вмрежување и видео игри.

Според новите правила, на играчите до 18 години ќе им биде забрането да играат онлајн игри во работните денови од 22:00 часот до 8:00 часот наутро. Во текот на неделата, ќе им биде дозволено да играат видео игри само 90 минути на ден и до три часа на ден за време на викендите и државните празници, пренесува Си-Ен-Ен.

Упатствата, исто така, утврдуваат ограничувања за износот на пари кои малолетните лица можат да ги пренесат преку своите мрежни сметки. Играчите на возраст меѓу 8 и 16 години можат да плаќаат само 200 јуани (околу 26 евра) месечно за игри, додека максималната месечна сума за оние од 16 до 18 години ќе биде 400 јуани (околу 52 евра).

Предлогот за горенаведените упатства беше објавен вчера од кинеската општа администрација за печат и публикација (ГАПП).