Со одлука на хрватската влада поранешната Политичка школа во Кумровец, родното место на поранешниот доживотен претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, е продадена на кинеската фирма Џонгја недвижнини, за 14,09 милиони куни, пишува хрватскиот Пословни дневник.
Кинеската компанија била единствениот понудувач.
Сопственичка на кинеската фирма е Џијанг Ју, и има намера да ги претвори објектите на поранешната политичка школа во хотел, но и да отвори спомен парк посветен на Јосип Броз.